Целулитот се јавува кога имате премногу масти во телото и не доволно мускули. Бидејќи овој проблем не е козметички, тоа треба да се решава со помош на правилна исхрана, масажа, и добро разработена програма за обука. Денес Ви претставуваме 6 корисни вежби со цел да ги заострите мускулите и намалите бутовите и задникот.

Вежба бр.1

Легнете на десната страна, и потпрете се на подлактницата. Подигнете ја левата нога и држете ја во оваа позиција 5 секунди. А потоа спуштајте ја полека. Повторете ја оваа вежба и со десната нога.
Колку пати: 2 сета со по 12 повторувања за секоја нога.

Вежба бр.2

Ставете ги рацете на подот, и наместете се во позиција како и кога правите склекови. Потоа свиткајте ја десната нога, и доведете го коленото до вашиот стомак. Потоа исправете ја ногата и подигнете ја на горе. Повторете го ова со левата нога.
Колку пати: 3 сета од 8 повторувања.

Вежба бр.3

Земете тег и стојте исправени со раширени нозе. Вдишете, почнете полека да клекнувате, се додека бутовите бидат паралелни со подот. Потоа почнете да станувате, и издишувајте.
Колку пати: 3 сета од 20 повторувања.

Вежба бр.4

Земете тегови во секоја рака. Застанете исправено, нозете во ширина на рамената. Започнете полека да го наведнувате горниот дел од телото, одржувајќи го грбот исправен, рацете слободно нека висат надолу. Наведнувајте се напред толку ниско, колку што можете. А потоа постепено вратете се на стартната позиција.
Колку пати: 5 сета од 12 повторувања.

Вежба бр.5

Застанете на колена, и поставете ги рацете на подот, грбот нека ви биде исправен. Започнете полека да ја кревате едната нога, одржувајќи го грбот исправен. Подигнете ја ногата високо колку што можете, и останете така неколку секунди. А потоа вратете се на стартната позиција.
Колку пати: 2 сета од 15 повторувања за секоја нога.

Вежба бр.6

Застанете со нозете малку пошироко од рамената. Свиткајте ги колената, рацете ставете ги зад главата. Потоа скокнете силно, ослободувајќи ги рацете и нозете. Потоа повторно продолжете од почетната позиција.
Колку пати: 2 сета од 20 повторувања.

За да постигнете брзо резултати во победата на целулитот, правете ги овие вежби според следниов распоред: 2 дена вежби / 1 ден пауза, во рок од 2 недели.