Постојат некои многу лесни правила за да ги скриете нашите несовршености, да ја нагласиме нашата фигура и да изгледаме навистина зачудувачки.

Изберете ги вистинските чевли и додатоци

Најлесен начин да додадете неколку сантиметри на Вашата висина се петиците. Вистината е сепак, дека за да изгледате повисоки, не Ви требаат само високи потпетици, туку треба да се и во правилна боја. Обувките во неутрална боја слична со Вашата кожа ќе Ве направат да изгледате повисоки.

Внимавајте со шарите

Кога носите облека на линии или слични дезени внимавајте да не бидете целосно така облечени бидејќи ќе ја изгубите софистицираноста и формата на телото.

Внимавајте на фармерките и чантата

ако сте со низок раст фармерките со низок струк ќе Ве скратат дополнително. Купувајте фармерки со висок струк кои ги откриваат глуждовите. Исто така важна е и должината на чантата и блузата.

Широки пантолони?

Ако соодветно се искомбинираат овие пантолони можат да стојат одлично и на ниските дами. Во комбинација со пократка блуза ќе добиете елеганција и висина.

Носете ја кошулата правилно

Кошулата секогаш ставајте ја во сукњата и пантолоните и носете ремен со кој ќе добиете витка половина а и ќе добиете на висина.

Фустан кошула

И за овој тренд важи истото дека секогаш треба да се носи со ремен за да се истакне телото.