Можете да најдете многу текстови на интернет за тоа како да ги зголемите вашите финансии, но темата за финансиската независност на жените многу ретко се обработува. Со оваа статија сакаме да ве охрабриме да внимавате повеќе на себе и на вашите финансии, а притоа да водите среќен и нормален живот.

Грешка Бр. 1 – Не штедите

Доколку можете да си овозможите препорачливо е секој месец да ставате 10% од вашата плата на посебна сметка во банката и на тој начин кога ќе ви бидат потреби пари во иднина ќе немате потреба да позајмувате од пријатели.

Грешка Бр.2 – Илузија за евтиното

Доколку купувате само евтини работи не мора да значи дека сте заштедиле. Евтините работи многу често имаат и краток рок на траење така што ќе мора повторно да ги замените.

Грешка Бр. 3 – „Она што е мое е и твое“

Кога сте во брак нормално е дека треба да споделувате се вклучувајќи ги и парите. Но, не мора да значи дека треба да барате пари од сопругот за секакви ситници и за работи кои можете и самите да си ги купите. Бидете независни и тоа со сигурност ќе му се допадне на вашиот сопруг.

Грешка Бр. 4 – Постојано се жртвувате

Вие не сте единствената личност која треба да се грижи за домот. Затоа освен трошоци за садови, украси и апарати, направете одредени трошоци за да си ги задоволите и сопствените желби.

Грешка Бр. 5 – Плаќате работи кои не можете да си ги дозволите

Доколку пријателката ве прашала да одите на вечера во луксузен ресторан не значи дека мора да прифатите. Не е срамота да признаете дека таквото место не е во согласност со вашите финансиски можности. Предложете поевтина опција, доколку пријателката навистина сака да го помине своето време со вас сигирно нема да ве одбие.

Грешка Бр. 6 – Импулсивно купување

Шопинг на попусти може да биде најлошото нешто. Тогаш жените купуваат работи кои воопшто не им се потребни, ниту пак некогаш ќе им бидат. Препорачливо е да ги избегнувате овие „шопинг трески“ и купувајте само работи кои ќе ви бидат од корист.