Љубовта на родителите кон децата е безусловна и оваа мајка навистина го докажува тоа, така што го исполнува даденото ветување дека ќе биде сурогат за нејзината ќерка. На само 14 години, Меди Коуман и биле дијагностицирани тумори, а докторите ѝ ја кажале дека таа еден ден нема да може да роди дете.

Кога ги слушнале овие вести, мајка и на Меди, Меган Баркер ѝ рекла на својата ќерка: „Кога ќе бидеш возрасна и ќе сакаш свое дете, јас ќе го носам твоето бебе.“ Меди вели дека како тинејџерка понудата да нејзината мајка и изгледала „чудна“, но сега на 25-годишна возраст, Меди ја разбира сериозноста на нејзината состојба и знаела дека нејзиниот избор е многу ограничен. Само минатата година, лекарите нашле тумор на јајниците на Меди.

Иако туморите биле извадени на Меди и било јасно дека таа нема да може да го роди своето дете. Затоа, во обид да го прошири своето семејство, Меди одлучила да прифати понудата на нејзината мајка. „Првин не можев да си замислам мајка ми да го носи нашето бебе. Тоа беше чудно, но бев многу возбудена и благодарна.“, вели Меди.

Мајката на меди станала сурогат и го родила нејзиниот внук, Гас. Сега таа сака да го роди нејзиното второ внуче. Процедурата за сурогат ќе започне во јануари и семејството се надева дека на есен ќе го имаат новиот член. Иако Меган оваа година полни 50 години, таа вели дека првата бременост не и претставувала проблем и дека е спремна тоа повторно да го направи.