Понекогаш поради добрите реклами и убедливоста на компаниите купуваме работи кои не ни се потребни. Но, одредени производи не само што не ни користат, туку можат и да ни наштетат. Поголемиот дел од овие работи сите ги имаме во нашите домови а не сме свесни за опасностите кои ги носат со нив.

5. Пластични кутии за храна

Не ни штети самата пластика туку хемиските компоненти што производителите ги користат за зацврстување на кутиите. Честото перење, греење и контакт со храна ја прават ситуацијата полоша. Пластиката станува многу токсична и опасна. Не користете пластични садови за храна повеќе од 5 месеци и никогаш не ги ставајте во микробранова печка.

4. Крокодилки

милиони луѓе ги носат овие едноставни папучи, но тие се многу штетни за нашите стапала. можат да доведат до појава на деформитети, формирање на калуси и болка во нозете.

3. Маскара

Обрнете внимание на состојките во маскарата која ја купувате. Некои компоненти, како парабени, алуминиумски прав и пропилен гликол, може да бидат многу опасни за здравјето на вашите очи. Избегнувајте да користите маскара од вашите пријателки, бидејќи тоа може да предизвика формирање на бактерии и габи и да доведе до раст на инфекција.

2. Нелепливи тави за готвење

Перфлуоринираните хемикалии кои се користат за создавање на нелеплива тава не се толку опасни сами по себе. Меѓутоа, кога температурата надминува 230 ºC, од површината за пржење излегува одредена количина на испарливи материи. Данските истражувачи открија дека присуството на овие отровни хемикалии во човечката крв може да доведе до формирање канцерогени клетки.

1. Антибактериски сапун

Законот го регулира количеството на триклозан, антисептикот што се користи во антибактерискиот сапун, на 0,1-0,3%. Сепак, штетата е многу поголема: триклозан го ослабува имунолошкиот систем и го тера нашето тело да се спротивстави на апсорпцијата на антибиотици. Исто така може да предизвика хормонална нерамнотежа и мускулна дистрофија. Всушност, антибактерискиот сапун не е ништо повеќе од маркетинг трик. Истражувањата покажуваат дека секоја бактерија може да се измие од рацете со обичен сапун.