Плантарниот фасциитис (шилец или трн во петата)  се карактеризира со печење и акутна болка кај стапалата. Многу често причината за појавата на шилецот се рамни стапала, затоа што тогаш  се менува распределбата на оптоварувањето врз него.

Третман за шилец во петата.

За овој третман ќе ви требаат 10 лажички мед, 10 лажички овес и малку трпение. Направете ја постапката во текот на ноќта. Земете 1 лажиче мед и 1 кафена лажица овесни снегулки, измешајте ги добро додека не добиете паста. Однапред измијте ги нозете, исушете ги и ставете го средството на петата. Фиксирајте со помош на полиетилен и чорапи. Направете го ова 10 пати. По целосниот третман болката ќе исчезне.

Камфорово масло при деформација на палецот на ногата.

За да се ослободите од деформација на палецот на ногата, користете го следниот рецепт. Намачкајте ја ногата со камфорово масло и потоа нанесете јод (нанесете по иста линија, не обратно!). Тоа направете го , откако првин ќе ги загреете нозете и потоа ќе ги исушите.

Мед со жолчка за петата.

Наутро направете смеса од јајца и мед. Земете жолчки од јајце (по можност домашни), додадете 1 лажица мед и промешајте добро. Смесата се става во фрижидерот. Вечерта измјте ги нозете со топла вода, а потоа исушете ги, направете облоги на петите со оваа смеса и завиткајте, за да се загреат нозете до утрото. Наутро отстранете ја облогата.

Црна ротквица

Изрендајте црна ротквица па ставете ја во памучна чорапа која ќе ја обуете и ќе оставите да делува преку ноќта. Наутро измијте го стапалото со топла вода. Веќе после три ноќи ќе почувствувате значително подобрување.

Сол 
Во платнена вреќичка ставете сол, па загрејте во рерна. Топлата облога од сол ставајте ја навечер на петата, се додека да излади. Ова повторувајте го 10 дена.