Додека сте млади, вашите пријатели ги знаат сите детали од вашиот живот, од причина што вашите секојдневни животи се испреплетени со многу мигови поминати заедно.   Во зрели години тоа не е така, бидејќи вашите патишта на некој начин се разделуваат. Секој си има свои интимни моменти, лични сатисфакции кои не мора да бидат тема на разговор со вашите пријатели.

Вашите желби и мечти

Доколку во средбите со пријателите вие сте тие кои зборуваат за своите желби и мечти за вашата иднина, тогаш можеби се однесувате премногу детинесто и тие имаат претстава дека вие сеуште не сте созреале.

Амбиции и професионални планови

Ако имате во план да зборувате само за вашиот успех на професионално поле, за вашите преговарачки техники и вештини, за тоа дискутирајте со семејството или со колегите. Вашите пријатели можеби не се заинтересирани  да слушаат како ви оди вас работата.  Тие сакаат да поминат квалитетно време со вас, затоа поминете го времето во смеа.  Работата на секому му претставува некој вид на притисок, па потребно е да се опуштите, настрана од таа тема.

Состојби, прилики и проблеми во семејството

Зборувате за семејна неприлика, за болен член во семејството,  но имајте на ум дека на никого животот не му е беспрекорен. Сите на некој начин се соочуваат со некои моменти кои се потешки за совладување, затоа нема потреба да ги оптоварувате пријателите со семејни проблеми.

Интимни моменти од вашиот живот со партнерот

Затоа се тие интимни моменти, за да останат помеѓу вас и вашиот партнер. Независно дали се пријатни или непријатни тие мигови, вашите пријатели немаат потреба да го знаат тоа.