Ова се хороскопските знаци кои ќе ја добијат најголемата радост-бебе. Еве кои се тие и што ќе им се случи до крајот на 2018 година.

Бик

Сонувате за оваа голема вест, но сепак се случува нешто или одлагате, или партнерот не е подготвен. На сето ова ќе дојде крај затоа што Ве очекува најдобрата вест во животот. Ќе станете родител и ова ќе биде јасно до крајот на октомври. Ако има близнаци во Вашето семејство, можно е да добиете и не една, туку две среќни вести! На хоризонтот ќе се појави и завист од ваш многу близок пријател / пријателка. Не споделувајте во многу детали за тоа што ви претстои и колку сте среќни. Чувајте ја вашата среќа од зли очи. Сè друго ќе биде добро!

Лав

Вие дури и не помисливте дека веднаш штом ќе се заљубите, ќе помислите на деца. Дури и ако не мислите, самата вест ќе Ве изненади во следните 4 месеци. Верувајте, можеби ќе мислите дека не сте подготвени на почетокот, но многу брзо ќе почувствувате дека наскоро ќе бидете родител. Вашите најдобри години допрва треба да дојдат. Вие сте навистина среќни!

Девица

Нема поубаво од тоа човек да создаде семејство. Но, пред тоа е потребен брак, нели? Токму тоа Ве очекува до крајот на оваа година – незаборавен предлог за брак, на кој никој на светот не би можел на одолее. Потоа сосема брзо ќе дојде и голема вест – ќе имате бебе, кое најверојатно ќе се појави другата зима. И сите околу вас ќе бидат толку среќни. Не споделувајте многу со колегите, меѓу нив има луѓе кои не ви мислат доброто. Сè друго ќе биде совршено!