Имате болки по целото тело и не разбирате зошто? Ова можеби не е само од замор, туку можеби станува збор за фибромијалгија- мистериозна болест за која лекарите расправаат во изминатите неколку години. Како се појавува? Дали навистина постои? Единственото нешто во што лекарите согласуваат е дека е време да се грижите за Вашето здравје, без одлагање. Доколку ги имате овие симптоми посетете лекар. Мапата со човечко тело на крајот од текстот ќе Ви помогне да се проверите.

Симптоми

  • Имате постојани болки повеќе од 3 месеци.
  • Замор и вкочанетост се изразени  во утринските часови.
  • Имате проблеми си спиење.
  • Болката во некои точки на вашето тело е поинтензивна отколку кај другите.
  • Вие сте измачувани од главоболки.
  • Менструалните циклуси се многу болни.
  • Вие чувствувате непријатност во утробата и во текот на мокрењето.
  • Вие сте зависни од времето и реагирате на студ и топлина, остри мириси и бучава.
  • Вашата телесна температура може да се зголеми без никаква причина.
  • Имате чудни реакции во Вашето тело, особено во Вашите екстремитети: вкочанетост, горење, отекување и др.
  • Често ви е тешко да се сконцентрирате и да ги паметите работите.
  • Вие сте постојано во иритирано или депресивно расположение.

Притиснете ги обележаните точки: по правило, болката што доаѓа како резултат не е толку голема, но главниот знак за оваа болест е симетричното распоредување на болката во точките. Ако болката и точките се совпаѓаат посетете го Вашиот лекар!