Кога станува збор за изборот на моден стил нема правилно или погрешно. Можете да одлучите да изгледате елегантно, рокерски, или кежуал. Единствено треба да внимавате да не изгледате „евтино“, а тоа нема никаква врска со цената на облеката. Често овие избори можат да Ви застанат на патот до беспрекорниот и модерен изглед.

1. Премногу светкави елементи

Светкавите елементи не се пожелни на секојдневната облека. Лажните каменчиња на фармерките и маиците се премногу за обична прошетка.

2. Лажни брендови

Копиите од брендовите изгледаат бедно во споредба со оригиналот. Затоа подобро купувајте работи кои немаат натпис со лажен бренд на нив.

3. Судир на принтови

Точки и линии? Една од најлошите комбинации. Нападните принтови секогаш треба да стојат сами.

4. Бели салонки

Белите салонки повеќе не се во мода, дури и невестите ги избегнуваат. Најдобро е да носите некоја нијанса на беж.

5. Купувајте квалитетно

Некои работи треба да бидат скапи и да немаат поевтина верзија. Најчесто ова се однесува на ткаенините. Правилото тука е ако не можете да си дозволите квалитетен материјал, подобро е да не го купувате воопшто. Земете ја чипката, на пример.

6. Чудни бои

Неонските бои се одлични за диско забава или за Ноќта на вештерките, но секој обид да ги вклучите во стилска облека ќе пропадне.

7. Накит

Количината на накитот може значително да му наштети на Вашиот изглед. Особено кога носите парчиња направени од скапоцени метали заедно со пластичен накит.

8. Неудобни чевли

Високите потпетици прават да се чувствувате и да изгледате екстра убава и женствена, но само кога не го прават тоа по цена на удобноста. За секојдневни прошетки земете ги Вашите омилени патики.

9. Игнорирање на Вашата големина

Постојат други букви освен S во големината. Обликот и големината на телото може да се менуваат од време на време и тоа е во ред. Она што не е во ред е да се носи облека што не ја опишува Вашата фигура.

10. Антички модни трендови

Ослободете се од модните трендови кога ќе завршат. Доколку не сакате или не можете да ја менувате облеката толку често секогаш купувајте едноставни работи во суптилни бои и без многу принтови.

11. Погрешни хулахопки

Хулахопките се долна облека и тие не треба да се гледаат. Впечатливиот дезен нема да Ви помогне. бирајте едноставни модели.

12. Видлива долна облека

Понекогаш долната облека едноставно не може да остане на место, обидувајќи се да излезе и да привлече внимание. Но ако мислите дека ова е секси, тогаш грешите.